(ВИДЕО+ФОТО) Надал во центарот на скандал: „Тоа беше злостор протов неговото величеството!“

Со години имало сомневање дека Рафаел Надал користи допинг поради физичката подготвеност, огромните мускули, но и одредени телесни абнормалности. Шпанецот никогаш не паднал на ниту еден допинг тест, но знаел со тимот да подготви сериозен скандал.

Жан-Пјер Верди, поранешен претседател на Антидопинг агенцијата на Франција, зборувал за француски „Лекип“ за периодот од 2006. до 2015. година, кој го поминал на оваа позиција.
„Контролирањето на него е како злосторство против некое височество. Само во текот на 2009. година ни беше дозволено ненадејно да извршиме контрола. Во Берси тоа можевме да го сториме со седум играчи: тројца Французи, тројца Германци и еден Шпанец. Немавме проблем со Французите и Германците, а потоа на ред дојде Шпанецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Верди открил како Тони Надал реагирал на контролата.
„Од првиот момент со д-р Самир Месбах, Надал и неговата околина беа многу непријателски расположени. Тони Надал ме навреди на добар француски јазик затоа што барав контрола. Тој извика: ‘Ова е скандал’“, објаснил Верди.
Верди неодамна напиша книга во која објаснил како се борел против допингот, а огромно внимание предизвикало обвинението дека Ленс Армстронг имал мал мотор од 800 грама на неговиот велосипед.
На почетокот на минатата година, големо внимание предизвика Фриц Зоргел, експерт за допинг од Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг, кој јавно изрази сомневање дека Надал „не е чист“ и дека е „под постојан надзор“.

„Анаболички стероиди се класика во тенисот. Затоа, не сум изненаден. Ги следам настаните со децении и имам јасна слика за сè. Тенисот е меѓу топ 4. спортови кога станува збор за допинг, покрај зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува знаци на абнормалност. Постојано се сомневам. Имајќи ја предвид целата негова атлетичност. Тој исто така доаѓа од Шпанија, земја која не е позната по соодветно ‘следење’ на своите херои“, рекол Зоргел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Открил дека ретко се откриваат случаи на допинг, а потоа појаснил кој ги прикрива трагите.
„Имало случаи во минатото. Матс Виландер и Мартина Хингис беа фатени како користат кокаин, а Виландер имаше само тримесечна забрана. Хингис рече дека мешала кокаин со сок од портокал, па имала забрана за две години. А Андре Агаси? Користел кристален мет и воопшто не бил казнет. Сите тенисери се добро набљудувани и советувани, за да нема неправилности. Покрај тоа, здружението ги штити своите sвезди. Никогаш не се дознава, никогаш не допира до јавноста и никогаш не можете да коментирате, само да се сомневате“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …