(ФОТО) Момче и неговата мајка се шокирале од она што го нашле во салата од продавница

Згрозено момче од Австралија пронашло жива змија во ќесичка со салата што ја купил во продавницата.
Неговата мајка Лесли Кун објавила фотографија од салатата што момчето ја донело од локалниот супермаркет „Алди“ во Сиднеј.
Шокираната мајка веднаш повикала експерти за отстранување змии, а на социјалните мрежи ги предупредила другите да внимаваат кога купуваат салата во продавниците.

Случајот кренал голема прашина низ целата земја, а „Алди Австралија“ најавиле истрага.
И’ многу корисници на социјалните мрежи биле згрозени од нивното откритие, но некои сето тоа го претвориле во шега, пишувајќи дека сега имаат добар изговор да не јадат салата повеќе.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 23.06.2021: Вие сакате да го почитувате меѓусебниот договор, но забележувате дека партнерот има различни интереси и смислува некои „тајни планови“…

Овен Љубов: Анализирајте ја повнимателно личноста што ви се допаѓа. Склони сте на чести промени …