(ВИДЕО) Мик Џегер и Дејв Грол имаат сингл: Слушнете ја химната за пандемијата

Славните музичари Мик Џегер и Дејв Грол ги здружилесилите и создадоа пост-пандемиска химна, изненадувачки сингл кој се осврнува на многу симболи и контроверзии што ги сретнавме за време на ерата на Ковид, вклучувајќи заклучувања, маски, апликации за TickTock и Zoom, здебелување за време на карантинот и анти – ваксери.
Песната се вика „Eazy Sleazy“ и беше објавена на социјалната платформа Јутјуб во вторникот, објави „Њујорк пост“.
„Сакав да ја споделам оваа песна што ја напишав по повод излегувањето од заклучувањето, со многу посакуван оптимизам. Дејв, ти благодарам што ускокна на тапани, бас и гитара, беше забавно да работам со тебе на овој проект. Се надевам дека сите ќе уживаат во песната Eazy Sleazy”, изјави славниот фронтмен на Ролинг Стоунс, Мик Џегер (77).
Дејвид Грол (52) е американски рок-музичар, пејач и текстописец, а својата кариера ја започна во осумдесеттите години, неговата прва позната група беше „Скрим“, а подоцна беше тапанар во „Нирвана“. По самоубиството на фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, тој го основал „Фу Фајтерс“ и работел со многу познати музичари.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Додека мнозинството го осудува, Петар Грашо со широка насмевка вели: „Живеам како да имам 23. години“, а Данијела Мартиновиќ упорно молчи…

Петар Грашо испрати важна порака до својата бројна публика која со нетрпение ги очекува неговите …