ВИДЕО: ЛАЈКА ОДБЕЛЕЖУВА 6 МЕСЕЦИ ОД СВОЕТО РАБОТЕЊЕ

Изминатите шест месеци направиме значаен исчекор во хуманиот третман и благосостојбата на бездомните кучиња од улиците на град Скопје. Со намалување на нивната популација и градење култура за вдомување, преку подигнување на свеста за одговорно сопствеништво и низа кампањи, успешно ја остваруваме нашата мисија.

Со секојдневни заложби на тимот на ЈП ЛАЈКА, многу труд, љубов кон бездомните кучиња и огромна поддршка од Град Скопје, успеавме да постигнеме мал дел од нашата цел.

Во моментов располагаме со статистика од почетокот на отварањето 14.10.2020 година до денес: 399 – Заловени кучиња 223 – Вратени на локација 184 – Стерилизации 160 – Кастрирани 74 – Вдомени 20 – Вратени на сопствениците 3 – Еутанизирани 2 – Угинати .

Со заловување на кучиња ЈП Лајка започна на 17.11.2021. Кучињата се заловени по пријави на граѓани, по Акциски план на ЈП Лајка и по пријави од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во иднина ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и заедно да го решиме проблемот со бездомните кучиња, а сликите на искасани и нападнати граѓани да бидат минато.

„Особено сум горда што за прв пат успеавме да изградиме искрена приказна за бездомните кучиња, целосно ослободена од товар и притисоци. Формиравме претпријатие кое има душа и вработени кои несебично се посветени на кучињата. Да имате можност да помагате е привилегија, а особена чест е тоа да го правите во служба на своите сограѓани и бездомните кучиња. Ги подигнавме стандардите и отидовме чекор понатаму во креирање на целосна стратегија за надминување на овој долгогодишен проблем за скопјани, како и успешна имплементација на бројни стандардно оперативни процедури“ – изјавува директорката Тина Петрушевска.

Во насока на досегашната успешна работа и понатаму продолжуваме со ова темпо и им овозможуваме на граѓаните сервис кој до сега го немале. Градењето на меѓусебната соработка и доверба е процес кој го поставивме на здрави темели и во иднина очекуваме дека ќе бидеме појдовна  мисла кај секој еден граѓанин, кога ќе најде куче на кое му е потребна помош.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овие знаци на Зодијакот никогаш не ги откриваат своите ВИСТИНСКИ ЧУВСТВА

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …