БРАЌАТА ГИ ЗАКОПАЛЕ ВОЕНИТЕ СЕКИРИ? Хари и Вилијам разговарале – Британците не дишат – дали на повидок е помирување!?

Принцот Хари пристигна во Лондон да присуствува на погребот на принцот Филип. Вниманието на јавноста сега е насочено кон кралското семејство, бидејќи ова е прв собир, откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го обвинија кралското семејство за расизам.
Хари слета пред неколку дена, но е во изолација. Според британските медиуми, браќата, принцот Хари и принцот Вилијам разговарале по телефон и се согласиле дека оваа недела е резервирана за погребот и сè што оди со тоа и дека ќе ги остават настрана несогласувањата, а кралицата се надева дека ова е можност за обединување и помирување на сите членови на семејството.
Кејт Мидлтон е таа што ќе посредува браќата да се смират, бидејќи, како што велат извори блиски до семејството, таа е некој што избегнува тензии и конфликти.
Погребот ќе се одржи во сабота, кога браќата ќе се видат за прв пат по некое време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …