Џенифер Анистон сепак ќе стане мајка! Ќе усвои девојче од сиропиталиште во Мексико!

Светски познатата актерка Џенифер Анистон го доживеа врвот на славата во серијата „Пријатели“, толкувајќи го култниот лик Рејчел Грин. По долга пауза, тимот ќе се обедини и ќе сними специјална епизода, а фановите едвај чекаат да ги видат повторно на малите екрани. Покрај тоа, според магазинот Closer”, актерката ги воодушевила своите колеги на снимањето со веста дека ќе стане мајка.

По два разводи, Анистон одлучи да посвои девојче што го запознала во сиропиталиштето „Casa Hogar Sion“ во Мексико.
Имено, актерката многу години финансиски му помагала на сиропиталиштето и решила да посвои девојче. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.
„Џен беше убедена дека собирот со колегите е вистинскиот момент да се објави веста дека станува мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците на снимањето“, рекол изворот.

loading...

 

View this post on Instagram

 


A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)


„Тие го поминаа скоро секој буден час заедно цела деценија, преживувајќи ги сите детали од животите на едни и други и поддржувајќи се едни со други во сите тешки моменти, вклучително и борбата на Кортни да стане мајка и болниот развод на Џенифер со Бред Пит“, додал изворот.
„Знаејќи колку ова отсекогаш го сакаа за Џенифер, соопштувањето на веста го направило помалку стресно за неа, но таа сепак сакашла да ги сподели среќните моменти со нив и да ја прослави пресвртницата во нејзиниот живот“, додал изворот.
„Сите беа пресреќни кога им ја соопшти веста и и’ дадоа неколку родителски совети, за кои рекла дека со задоволство ќе ги прифати“, додаде изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

На почетокот на 2011. година, пред Џeнифер да се омажи за актерот Џастин Туро, се шпекулираше дека планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое беше во постојан контакт и парично го помагаше.
Иако ги негираше приказните за посвојување дете пред 10. години, изворот вели дека актерката Кортни Кокс ја поддржувала во процесот на посвојување, кој трае повеќе од една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Судот знае дека актерката не сака од ова да направи голем медиумски настан и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …