Три зачини кои ги чистат белите дробови на (поранешните) пушачи

Истражувањата покажаа дека консумирањето на одредени видови храна и пијалоци му помага на организмот да се ослободи од штетните материи, а три зачини се одлични сојузници во чистењето на белите дробови.

Лук
Лукот има многу лековити својства, го нарекуваат природен антибиотик, моќно растение со антиканцерогено и антиинфламаторно дејство кое ги потиснува габите и вирусите. Содржи алицин, кој ги уништува инфекциите на респираторниот систем, а многу студии покажале дека е ефикасен и при чистење на белите дробови кај луѓе кои пушат или се поранешни потрошувачи на производи од тутун, пишува Zadovoljna.hr.


Лукот е најдобар кога се јаде суров, но имајте во предвид дека поголеми количини не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и дигестивниот систем.

Ѓумбир
Ѓумбирот го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за (поранешни) пушачи.
Ѓумбирот најчесто се користи за правење чај или овој лековит корен се додава во здрави пијалоци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења. Не треба да јадете повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри, дневно.

Куркума
Некои студии покажаа дека куркумата го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи како последица од пушење или живеење во загадена област. Покрај тоа, превенција е за болести на респираторниот систем.
Куркумата традиционално се користи за кари и други индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути. За да уживате во целосниот ефект на куркума, измешајте ја со малку црн пипер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …