Снимка од градинка ја згрозила јавноста: Белите деца јадат пред Афроамериканците

Една американска градинка се нашла на предмет на осуда откако се појавиле снимки на кои се гледа како на белите деца им се сервира храна пред оние со други бои на кожата.
Детскиот центар за деца ‘R’ Kids во Џорџија, наводно, емитувала во живо што се случува во градинката за родителите да можат да проверуваат што прават нивните деца во секое време. Еден татко на тој начин забележал дека белите деца имаат чинии со храна пред нив и јадат, додека Афроамериканците, седејќи со нив на масата, ги гледале и чекале со празни раце.
„Се чинеше дека прескокнуваат да им служат храна на обоените деца. Вознемирени сме од тоа што го видовме”, изјавил таткото Адријан Меколи за CBS46.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by A-MAC💂🏿🙏🏿 (@marquis_dagreat)


Партнерката на Меколи веднаш отрчала во градинката да го земе нивниот син, а кога се соочила со директорката со она што се случило, таа и рекла дека не знае што се случило, пишува Indy100.
„Не сум сигурна затоа што не сум во групниот простор. Можеби станува збор за деца кои имаат посебна исхрана”, наводно возвратила таа.
Семејството било шокирано од постапката и објавило фотографија на Инстаграм за да привлече внимание кон овој проблем.
“Ова е неверојатно. Зошто секое бело дете има храна пред себе? Ниту едно обоено нема. Му благодарам на Бога на камерите затоа што во спротивно овој расизам би бил скриен. Во 2021. година тоа е навистина нечуен. Како Афроамериканци секогаш се обидуваме да ги испратиме децата во градинки и училишта во предградијата, но од прва рака ви велам дека не е секогаш најдобро“, објасниле тие.


„Знаеме дека ова се случи случајно, а фотографијата не ја прикажува целата просторија. Родителите треба да гледаат со разбирање за да видат дека сме сочувствителни”, изјавила подоцна директорката Ди Гилеспи за Daily Mail.
Претседателот на групацијата, во која спаѓа и оваа градинка, Дејвид Винсон, најавил дека „веднаш ќе го раскине договорот со филијалата во Росвел“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заљубени сте во во некој со кој НЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ? 8 совети ќе ви помогнат да го преболите и да продолжите понатаму

Ако сте несреќно заљубени, овие совети можат да ви бидат корисни Љубовта може да биде …