Здравје во една главица: Доколку сакате да го заштитите здравјето ова се причините поради кои треба да јадете зелка!

Нутриционистите препорачуваат, во овој период од годината, да јадеме зелка што е можно повеќе бидејќи е богата со витамин Ц, што докажано заштитува од вируси.
Покрај тоа, свежата зелка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, помага при ревматизам и проблеми со стомакот и кожата.
Болката во колената, грбот или рамената може да се ублажи со стискање на лист од свежа зелка. Со цел супстанциите од лисјата да се апсорбираат побрзо под кожата, советот е претходно да го притиснете листот со шише или сукало. Чувајте го болното место под зелката цела ноќ, или за поефикасен третман, сменете го облогот три пати на ден. Гликозидите кои се наоѓаат во зелката имаат корисен ефект врз воспалени, отечени и болни зглобови.


Свеж сок од зелка е ефикасен во лекување на иритирана гастрична мукоза. Ова е потврдено со студија во која пациентите пиеле литар од овој свеж сок на ден, што довело до намалување на болката во стомакот или нивно целосно прекинување. Ова се должи на високото ниво на глутамин и аминокиселини, кои се „гориво“ за клетките во ѕидот на желудникот, како и на тенкото црево.
Една студија покажала дека фитонутриенти од зелка – индол-3-карбинол (I3C), сулфорафан и индол го намалуваат ризикот од рак на дојка. Зелката исто така го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Високата содржина на диетални влакна и фитонутриенти е одговорна за тоа, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат големи количини зелка страдаат помалку од овој вид на малигнитет.


Покрај изобилството на диетални влакна, зелката содржи и магнезиум, калциум, магнезиум, фолати, витамини А, Б1, Б2 и Б6, калиум, омега-3 масни киселини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …