ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ – Не гладувајте туку консумирајте избалансирана вечера: Еве за кои намирници треба да се определите!

Вечерниот оброк не е грев, но мора да биде лесен и да дава доволно енергија
Според советите на нутриционистите, сосема е погрешно да се изостави вечерата. Сепак, таа мора да биде добро избалансирана, составена од храна која лесно се вари, содржи малку калории и му обезбедува на организмот доволно енергија за да му даде на телото чувство на ситост. Имено, гладувањето е исто толку лошо за здравјето како и погрешната исхрана.
За вечера, јадете лесни протеини и салата како извор на влакна. Станува збор за храна како риба, пилешко или мисирка на скара и сезонска салата по можност прелиена со ладно цедени масла како што се маслиново, ленено семе, бадемово, масло од семе од грозје.

Совршено време за вечера
Идеално време за вечера е 19. часот. Доколку не сте во можност да го следите овој распоред, обрнете внимание дека времето помеѓу последниот оброк и спиењето не треба да биде помало од 2. часа со цел да се избегне таложење на маснотии и проблеми со варењето.

Добар избор на намирници за вечера
Консумирајте зеленчук бидејќи е богат со витамини и растителни влакна. Од друга страна, дозирајте ги млечните производи поради можни дигестивни проблеми и изберете ги оние со помал процент на маснотии.

Покрај тоа, избегнувајте бел леб, но консумирајте интегрални печива засновани на „добри“ житарки, како што се ‘рж, леќа, хељда, спелта… Протеините треба да се внесат преку производи како риба, туна, лосос, пилешко и мисирка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …