(ФОТО) Принцот Хари се вратил дома! Дочекан со сите кралски почести!

Принцот Хари во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот од Лос Анџелес пристигнал во Лондон за да присуствува на погребот на неговиот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, на 17 април.
Војводата од Сасекс ексклузивно бил снимен од новинарите на таблоидот The Sun како се симнува од летот од Лос Анџелес во 01.15 часот по лондонско време.
Принцот Хари бил пречекан на пистата на аеродромот од припадници на кралското обезбедување и полицијата.
Тој го напуштил аеродромот во „Ренџ Ровер“ со придружба.

Медиумите претпоставуваат дека принцот Хари ќе го помине времето до погребот во колибата Нотингем, палатата Кенсингтон, каде што живеел со Меган Маркл на почетокот на бракот.
Неговата сопруга, која е во третиот триместар од бременоста, останува во Лос Анџелес „по совет на лекар“.
Според законот, принцот Хари треба да помине десет дена во карантин, но ќе му биде дозволено да присуствува на погребот ако по пет дена неговиот тест за ковид 19 биде негативен.

Војводата од Сасекс пристигна на погребот откако разговарал со неговиот татко, принцот Чарлс.
Наследникот на престолот објавил дека „со нетрпение чека“ да го види својот син.
Медиумите шпекулираат дека семејството Виндзор ќе го искористи времето до погребот за да ги залечи раните, предизвикани од неодамнешното крајно контроверзно интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.
Интервјуто го спушти младиот принц од третиот најпопуларен член на кралското семејство на третиот најнепопуларен.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …