(ФОТО) Принцот Филип и кралското семејство: Погребот е „идеална прилика“ за завршување на расколот – вели бивш британски премиер

Џон Мејџор смета дека заедничката тага за смртта на принцот Филип може да биде идеална можност да се решат расправиите во кралското семејство.
„Заедничката тага за смртта на војводата од Единбург е ‘идеална можност’ да се стави крај на сите расколи во Кралското семејство, изјави поранешниот британски премиер сер Џон Мејџор.
Сер Џон, кој беше еден вид застапник на принцовите Вилијам и Хари по смртта на нивната мајка, принцезата Дајана, рекол дека се надева оти тоа ќе се стави крај на какво било „труење“ меѓу двајцата.

Тој исто така рекол дека на кралицата треба да и се даде време да се справи со смртта на нејзиниот сопруг.
Принцовите Вилијам и Хари ќе бидат на погребот на нивниот дедо во сабота на 17. април.
Принцот Филип почина во петокот, на 9. април, на 99-годишна возраст.
Коментарите на поранешниот британски премиер следеа откако кардиналот Винсент Николс, поглаварот на Католичката црква во Англија и Велс, сугерираше дека собирањето на погребот на принцот Филип ќе помогне да се излечат сите тензии.
Принцот Хари, кој има титула војвода од Сасекс, од САД пристигна на погребот без неговата сопруга Меган Маркл, која е бремена и по наредба на лекар мора да остане дома во Калифорнија.
Принцот Чарлс, синот на принцот Филип и членовите на кралското семејство ќе бидат покрај ковчегот пред погребот во замокот Виндзор.

Мејџор, кој беше назначен за специјален чувар на принцовите по смртта на нивната мајка Дијана во 1997. година, за Би-Би-Си изјавил: „Тензиите, за кои ни беше кажано дека постојат, треба да се решат што е можно побргу“.
„Тие ги споделуваат своите чувства. Тие во моментов ја споделуваат својата тага за смртта на нивниот дедо. Мислам дека ‘ова’ е идеална можност.Навистина се надевам дека е можно да се поправат пукнатините што може да постојат“.
Хари и Меган, кои се повлекоа од кралските должности, минатиот месец дадоа интервју на американската водителка Опра Винфри.
Војводата од Сасекс рече за неговата врска со неговиот постар брат: “Во моментов тоа е како ‘простор’. Но, се надевам дека времето лечи сè”.

Џон Мејџор исто така рекол дека кралицата е во „осамена положба на многу начини“, а принцот Филип бил личност „кој многу и олеснувал“.
Периодот на национална жалост ќе заврши по 17. април, кога принцот Филип ќе биде погребан во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …