ТАЖНО – Млад хрватски фудбалер починал среде натпревар

Нова трагична смрт на фудбалер во регионот. Фудбалерот на „Оток“, Дејан Оршуш (24) починал за време на натпреварот во вторатажупаниска лига против „Раднички“.
Тој се срушил на теренот на натпреварот што се играл во неделата, а подоцна било утврдено дека имал срцев удар.
Итно бил пренесен во болницата во Чаковец, но не успеале да го спасат и лекарите прогласиле смрт.
Овој фудбалер зад себе остави дете и жена, која е во петтиот месец од бременоста.
„Во длабока тага, ве известуваме дека играчот на ФК Оток, Дејан Оршуш, почина вчера откако се сруши за време на играта. Со брзата реакција на соиграчите и играчите на ФК Раднички, успеавме да го спасиме, а многу брзо пристигна и медицинскиот персонал, кој 25 минути се обидуваше да го оживее на теренот. Тој беше забавно момче, талент за фудбал, одличен играч и уште поголем пријател! Зад себе остави жена во петтиот месец од бременоста и дете. Благодарност до него за сите голови, помошта за клубот и за подигањето на расположението додека на играчите им беше најтешко! Секогаш во нашите мисли“, напиша неговиот клуб Ф.К Оток од Оток, мало гратче во Меѓумурје.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …