(ВИДЕО) Нетрпелив возач на „БеЕмВе“ ги менувал лентите па завршил во оградата

За среќа, никој не бил сериозно повреден.
Познатата приказна доби уште едно издание, овој пат на автопатот во Калифорнија. Камерата од автомобилот го доловува сообраќајот однапред и многу брзо можете да забележите BMW Серија 5 чиј возач вози побрзо од другите учесници. А за да одржува просек со голема брзина, тој често менува ленти и презема се повеќе ризици во неговите маневри. По кратко возење на „опашката“ на камионот, тој почнува поход што многу бргу неславно завршил.
Од засега непозната причина, возачот изгубил контрола над БМВ и завршил во бетонска бариера. Секако, ова го прекинало сообраќајот и возачот ќе мора да се соочи со голем број непланирани трошоци.
Во секој случај, ова е уште еден добар показател зошто брзото возење и пред сè невнимателното возење не вреди. Оставете ги маневрите како што се возење на „опашката“, ненадејни промени на лентата и слично оставете ги на компјутерските игри и патеки за автомобили и следете ги сообраќајните правила на јавните патишта.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Hyundai Casper е едноставно неодолив: Сестран crossover за 10.000 евра

Во ЕВРОПА, Хјундаи со својата понуда се спушти до моделот Бајон, што е малку пониско …