(ВИДЕО) АТП МАСТЕРС МОНТЕ КАРЛО: Ѓоковиќ и Надал се сретнале пред финалето – не се ниту погледнале

Првиот натпреварувачки ден на турнирот во Монте Карло го одбележал посебен настан на кој присуствувале Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Двајцата големи ривали (56. натпревари, 29. победи на Новак) се сретнале за да и оддадат почит на баронесата Елизабет-Ана де Маси, која беше претседател на Тениската федерација на Монако и клубот во Монте Карло


На церемонијата била прикажана плакетата во чест на оваа исклучителна дама, која ќе остане запаметена во историјата на тенисот во Монако. Таа неуморно работеше на промовирање на Монте Карло, турнирот и тениската федерација сè до нејзината смрт на 10. јуни 2020. година.
Оваа плакета, која се наоѓа во централната алеја на овој комплекс, ја откриле принцот од Монако и ќерката на баронесата Мелани-Антонета де Маси, која е новиот претседател.

Заедно со нив биле и Ѓоковиќ и Надал, кои имаат две односно 11. титули на овој турнир.
Од почит, Надал секогаш ја нарекуваше оваа дама „Мадам“.
„Таа беше исклучителна дама, елегантна, со фантастичен став, некој што имаше чисти идеи и подобри начини за правење работи, секогаш исклучителни“, рекол Надал.


Интересно е што двајцата тенисери во ниту еден момент не се погледнале во очи, што може да се види на видеото.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …