(ВИДЕО+ФОТО) Скандал над скандалите : На трките имал велосипед со мотор!

Ленс Амстронг, засрамениот шампион во велосипедизам е во центарот на новиот скандал, кој барем за момент ги засени сите претходни.

Францускиот новинар Антоан Вајер презентираше докази дека Американецот користел технолошки допинг за време на „Тур де Франс“, поточно инсталирал мал мотор на својот велосипед.
По признавањето на допингот, Амстронг изгуби седум титули на најпрестижната велосипедска манифестација „Тур де Франс“, која ја освојуваше од 1998. до 2011. година, а тоа го признал една година подоцна.
Сега, неговата кариера исполнета со скандали доби уште едно и веројатно најбизарно поглавје.
Обвинувањата на Вајер ги потврди и Жан-Пјер Верди, поранешен шеф на Антидопинг агенцијата на Франција. Верди тврди дека постојат докази дека Армстронг го користел моторот.
„Армстронг е најголемиот измамник. Комплицирано е на секое ниво. Со години имаше посебен третман. Многумина ми рекоа да не обрнувам внимание на бројните приказни, но многумина беа сомничави. Разговарав со сите специјалисти за допинг што ги познавав и тие не можеа да разберат дека некој може да изведува такви претстави и покрај допингот“, рекол Верди.


Пристигна и видео од француски новинари, на кое се гледа како Амстронг го допира задниот дел од велосипедот додека се возел за да го запали вградениот мотор. Оваа опрема беше позната уште во 1998. година, но, се разбира, била забранета на трки.
Моторот тежи само 800 грама и затоа може да се скрие на велосипедот. Се состои од мотор што произведува снага од 500 W и батерија што се вклопува во шише што го користат велосипедистите.
Сепак, и покрај моторот, велосипедистот мора да ги врти педалите, вели Хари Гибингс, шефот на Тајфун, производителот на вакви мотори.
„Не е како возење мотор. Треба да работиш напорно за да го направиш тоа“, рекол Гибингс.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …