Водител во програма во живо соопштил дека си заминува:„Се разделувам од колегите!“

Немања Милутиновиќ, водителот кој вчера во живо објави дека го напушта РТС, изјавил дека во мир се збогува од управата на јавниот сервис.
„Во мир, ги поздравувам моите колеги и раководството. Промената на работата е најприродна работа за мене, така е и во овој случај“, изјавил водителот Немања Милутиновиќ кој вчера наутро на крајот од утринската програма ги известил гледачите дека си заминува од Јавниот сервис.
На крајот на емисијата, додека разговарал со пијанистот Стефан Ѓоковиќ, Немања објавил дека го напушта РТС по девет години, каде што беше домаќин на утринската програма во последните седум месеци.
„Ви благодариме што го поминавте утрово со нас, ми беше чест поради вас да се будам воо изминатите седум месеци. Изминатите девет години беше привилегија да се прашува во ваше име. Благодарам на сите колеги, благодарам на сите гледачи, се гледаме на друго место а вие гледајте го и чувајте вашиот РТС“, рекол водителот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …