ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Близнаци кои пораснале одделно но воделе идентични животи

Таканаречените близнаци Џим од Охајо се запознале кога наполниле 39. години, откако од раѓање биле разделени. Се покажа дека во меѓувреме тие воделе скоро идентични животи иако немале контакт воделе скоро идентични животи иако немале никаков допир еден со друг.
Кога во 1940. година двете бебиња, близнаци, биле посвоени со само три недели, нивните нови родители непланирано и двајцата ги нарекле Џејмс. И двајцата го добиле прекарот Џим, и тоа било само почеток.

Едното момче билопосвоено од семејството Луис, а другото од семејството Спрингерс, на растојание од само 60 км. И двете семејства знаеле дека детето што го посвоиле има близнак, но не знаеја што е со него и каде се наоѓа. И така, браќата се разделиле. Но, сепак постоела некаква необјаснива врска.
И двајцата имале куче за домашно милениче, наречено Тој, од своето детство, обајцата сакале математика и обработка на дрво на училиште, но не сакале правопис, пишуваат на веб-страницата ripleys.com.
Но, неверојатни податоци допрва доаѓаат.
И двајцата се венчале двапати а првата жена им се викала Линда. Секако, и жените од вториот брак се викале исти – Бети.


И Џим Луис и Џим Спрингер имаат синови. Со исто име – Џејмс Алан.
И двајцата биле пушачи, возеле ист автомобил, Шевролет и имале слични работни места – Џим Луис бил чувар, додека Џим Спрингер бил заменик-шериф. Тие дури летувале на истото место на Флорида. Ниту еден од нив не знаел ништо од ова за неговиот брат се додека Луис (37) не решил да се обиде да стапи во контакт со неговиот брат близнак. Во 1977. година, тој успеал да ги најде податоците преку судот во Охајо. Потоа разговарале на телефон и конечно се виделе на 9.февруари 1979. година.
А кога се дознало за нивниот фасцинантен случај, научниците сфатиле колку можат да бидат важни за проучување на близнаци кои повторно се среќаваат откако ќе се разделат. Тие тогаш биле дел од студијата на Универзитетот во Минесота, според која, историјата на болести и тестовите на мозочните бранови се скоро идентични. Такви биле нивните резултати на тестот за личност.
Нивната приказна даде поттик за понатамошни контроверзии за влијанието на околината и генетиката врз нас, а некои дури отидоа дотаму што веруват дека меѓу браќата има телепатска врска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ПОЧИНАТИ: Денеска се регистрирани 10. нови случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …