Според торински Тутоспорт, Кристијано Роналдо е на излезната врата од Јувентус, а ваквиот трансфер е уште поверојатен доколку трансферот за кој сите зборуваат се случи во Париз.
Килијан Мбапе, наводно, ги известил челниците на Пари Сен Жmермен дека не сака повеќе да игра за тој клуб по 2022. година, кога истекува неговиот договор. Ова значи дека Парижаните ќе мора да го продадат следното лето ако сакаат да заработат нешто на тоа во име на компензација. Реал Мадрид е очекуваната дестинација за најдобриот фудбалер на ПСЖ, особено поради односот на Килијан со Зинедин Зидан.
View this post on Instagram
Сепак, доколку ПСЖ остане без Мбапе, тогаш „светците“ сепак имаат план кој ќе биде неговата замена. Тутоспорт пишува дека тоа ќе биде Кристијано Роналдо кој евентуално може да го напушти Јувентус. Клубот е далеку од титулата европски првак, оваа година и од титулата италијански шампион, а од друга страна, платата на португалскиот ветеран е голем товар за буџетот на „старата дама“. Тоа би биле аргументите за заминувањето на Кристијано, но од друга страна, пишува дека трансферот не е толку веројатен.
Имено, CR7 и Јуве треба да започнат разговори за нов договор, бидејќи сегашниот истекува кога и на Мбапе, на крајот од сезоната 2021/22.
Фото: Принтскрин/Instagram