Новиот сој на коронавирус Р.1 дошол до Европа! Што знаеме за него?

Овој заклучок се заснова на фактот дека видот P.1 е особено распространет во бразилската држава Манаус, бидејќи многу луѓе таму се здобиле со корона во првиот бран на пандемијата. Исто така се претпоставува дека овој вид има сличности со јужноафриканската мутација B.1.351, но се верува дека овие промени се случиле независно.

Дали текот на болеста е потежок во тој вид?
Според претходните искуства од други земји, лекарите имаат тенденција да кажат – не, не е. Но, тешко е да се каже дефинитивен одговор токму заради заразноста и пренатрупаноста на болниците, така што повеќе смртни случаи се резултат пред се на немањето доволно простор во единиците за интензивна нега и доволно респиратори. Но, едноставно нема научна и сигурна статистика за опасностите од вирусот P.1.

Дали вакцината делува и против видот P.1?
И тука сè уште нема едноставен одговор: познато е дека препаратите „АстраЗенека“ и „БиоНТекс“ произведуваат антитела против сојот P.1 во лабораториски услови, но исто така е познато дека АстраЗенека не е толку ефикасна против вируси со јужноафриканската мутација В.1.351.

Сепак, со други препарати веќе се покажало дека и’ вакцинираните лица можат да бидат „нападнати“ од вирусот, но дека текот на болеста е многу поблаг. Дотолку, може да се каже дека барем до одреден степен постојните вакцини делуваат и против видот P.1, но истражувањето за тоа сè уште интензивно се спроведуваат.

Фото: Илустрација/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …