(Диета) ТИЈАНА ВАКА УСПЕАЛА ДА ОСЛАБНЕ 45. КИЛОГРАМИ: Сега строго се придржува до овој план на исхрана!

Еве што јаде пејачката во текот на денот…
Денес Тијана Дапчевиќ (45) може да се пофали со витка фигура, но во еден момент од животот тежела дури 115. килограми. Пејачката вели дека имала 45. килограми прекумерна тежина по породувањето, но открила и како успеала да ослабе.
Тијана раскажала дека се чувствувала гладна скоро 24. часа на ден и дека јадела нездраво.
„Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто за тоа. Сепак, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна што ќе ја јадеме а што не смееме“, рекла пејачката.

Денот го започнува со овесни снегулки со чиа и црвено овошје, за ручек обично јаде мисирка со зеленчук, додека за вечера јаде бранцин или орада со салата.
„Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, јас често се опуштам и добивам на тежина“, рекла Тијана, чија цел е да изгуби уште девет килограми.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …