(ВИДЕО – текст) Владо Јаневски ќе го прекине музичкиот пост со спот за „Без тебе не ме бива“

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ -напиша Владо на својот профил на Инстаграм и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот.

Владо Јаневски деновиве снима спот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на кровот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ -напиша Владо и откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот.
Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.

За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски се снимаше истата.

Додека се чека излегувањето на спотот, еве ја песната со стиховите за неа во форма на лирик видео:

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …