(ФОТО) Ѓоковиќ и Надал веројатно не ја очекувале одлуката што ја донел Федерер

РОЏЕР Федерер се уште е во фаза на опоравување од две операции на десното колено, па затоа има одиграно само еден турнир во тековната тениска сезона. Тој во август ќе го прослави својот 40-ти роденден и иако многумина го туркаат да се повлече, тој сепак нема намера да запре, па не само што наскоро повторно ќе треба да го очекуваме на теренот, туку на Турот ќе настапи и следната година.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)


Федерер, освојувачот на 20. грен слем титули, треба да игра во Хале оваа година, но сега е потврдено дека подготвителниот турнир за Вимблдон ќе го игра и во 2022. година, што значи дека тој сè уште не размислува за напуштање на тенисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Федерер го освои турнирот во Хале 10 пати, а последниот во 2019.. По една недела пауза по Хале, Вимблдон ќе се игра на крајот на јуни. Тревниот Грен слем федерер го има освоено рекордните осум пати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Швајцарскиот тенисер се врати на тенисот на турнирот во Доха, прв по пауза од 405 дена поради повреда и операција. Првиот натпревар го доби, а на вториот ја промаши меч топката и забележа пораз. Тој сепак се надева дека ќе освои уште една Грен слем титула, што би ги нарушило плановите на помладите Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Шпанецот има исто колку и Федерер, а водечкиот светски тенисер два помалку.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Поранешен шпански фудбалер (38) пронајден мртов – настрадал од мобилен телефон во када

ТАЖНА вест од Шпанија. Сантијаго Отеро (38), поранешен шпански фудбалер и поранешен играч на Овиедо, …