(ФОТО) Кралицата Елизабета ја започнала осумдневната жалост за принцот

Кралицата Елизабета Втора ја започна осумдневната жалост за нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој по долго и тешко боледување почина денес во замокот Виндзор.
Во овој период, законите нема да добијат кралска согласност, а државните работи ќе бидат привремено запрени во знак на почит, објави Miror.
Периодот на кралска жалост ќе продолжи во следните 30. дена, по што кралицата ќе се врати во јавниот живот и своите должности.
Иако Филип има право на државен погреб, тој пред својата смрт изразил желба церемонијата на простување да се изврши што е можно поскромно.
Тој веќе бил запознаен со деталите за церемонијата, во координација со канцеларијата на лордот Чембрлен од Бакингемската палата.
Наместо во опатија на Вестминстер, се претпоставува дека телото на Филип ќе биде положено во палатата Сент Џејмс, каде што беше телото на принцезата Дајана неколку дена пред нејзиниот погреб во 1997. година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Faina Orpez (@fainaorpez)

На граѓаните нема да им биде дозволено да го гледаат телото.
Што се однесува до погребот, се верува дека списокот со гости ќе се сведе само на семејството, пријателите и шефовите на државите на Комонвелтот, кои ќе присуствуваат на церемонијата во капелата Сент Џорџ на замокот Виндзор, што ќе потсетува на воен погреб.
Сè ќе треба да се прилагоди на рестриктивните мерки поради пандемијата на ковиди.
Додека многу британски монарси се закопани во опатијата на Вестминстер и капелата Свети Ѓорѓи, местото за починок на принцот Филип ќе биде на друга, приватна локација, што може да бидат градините Фрогмор, на имотот на замокот Виндзор.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …