(ФОТО) Бура во Шпанија – пред „Ел класико“ го промениле судијата

Пред најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал меѓу Реал Мадрид и Барселона, кој ќе има огромно влијание на шампионската трка, дојде до промена на главниот судија, само ден пред натпреварот.
Матео Лахоз се повредил за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Пари Сен Germермен, па нема да може да суди на најголемото дерби во шпанскиот фудбал.
Она што предизвикало бројни реакции била неговата замена.
Станува збор за Хесус Хил Мансано кој е омразен меѓу навивачите на каталонскиот клуб. Барселона немала добри искуства со него, ниту пак нејзиниот најдобар играч Лео Меси, кому Мансано честопати му давал жолти картони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Дополнителен револт се должи на фактот што Мансано еднаш се сликал со торба со грбот на Реал, а потоа подоцна се правдал дека тоа е подарок за неговиот внук.
Последен во низата натпревари за кои бил на удар, бил во последното коло кога Севиља го совлада Атлетико Мадрид, а на победничкиот погодок претходеше играње со рака на еден од играчите на Севиља.
Атлетико Мадрид во моментов води на табелата со 66. бодови, следен од Барселона со еден помалку, додека Реал има три помалку од градскиот ривал.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Реал подготвил замена за Зидан, кој е психички скршен!

Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е една од работите што ја интригираат јавноста …