Отстранува непријатни мириси, одличен пилинг…како се можеме да го користиме ТАЛОГОТ ОД КАФЕТО

Ако тоа е вашиот омилен утрински пијалок, веројатно барем еднаш сте размислиле дали е можно некако да се искористи неговиот талог.
Ви откриваме неверојатни начини да го искористите талогот од кафе, поради што овој црн пијалок ќе го обожавате уште повеќе.

Пилинг за тело
Можете да користите талог од кафе за да направите луксузен пилинг за тело што ќе ја направи вашата кожа свиленкаста, мазна и сјајна. Сè што ви треба е талог од кафе, 1/4 шолја маслиново или кокосово масло, како и нотка рендана кора од лимон. Оваа мешавина многу ефикасно ќе ги отстрани сите мртви клетки на кожата од вашето тело, ќе го зголеми протокот на крв во вашето тело и ќе ја направи кожата поцврста.


Заштита од штетници
Можеби ви се допаѓа мирисот на свежо сварено кафе, но тоа не им се допаѓа на мравките, полжавите и другите мали инсекти и штетници. Може да посипете талог од кафе на влезот во вашиот дом или во близина на прозорските рамки ако сте забележале дека тоа се местата каде што наведените штетници влегуваат во вашиот дом.


Компост
Сиот такод од дното на испиената шолја кафе можете да го искористите за да направите компост за вашата градина. Талогот од кафе е одличен начин да се додаде на почвата за цвеќе или дворот каде што се засадени зеленчук или овошје, состојки што им се потребни на растенијата.

Раст и спречување на паѓање на косата
Ако вашата коса делува малку безживотно и добро би ви дошла инјекција на „самодоверба“, за таа цел можете да искористите талог од кафе. Треба само да нанесете талог од кафе на горниот дел од главата и нежно да масирате со кружни движења на рацете. Кофеинот од кафето го стимулира растот на косата и спречува опаѓање на косата, и ја прави косата силна и јака.

Непријатни мириси
Наместо сода бикарбона, која традиционално се користи за отстранување на непријатни мириси, можете да искористите сад со талог од кафе што ќе ги отстрани сите преостанати мириси од вашиот фрижидер, гардероба или мијалник. Можете да го отстраните мирисот на лук или риба од прстите со талог од кафе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СПАСЕН ЖИВОТОТ НА НЕРОДЕНО БЕБЕ ОТКАКО МАЈКАТА ПОЈАДУВАЛА џем на тост

Имале многу среќа. Да не бил појадок и џем, никогаш немало да откријат сериозен проблем. …