????????????????????????????????????

Дела од Крстевски во Индонезија

Во рамките на меѓународниот фестивал SIDLEFEST Semarang (SIDLEFEST – Semarang International Doodle Festival), Индонезија, организиран од Академијата за ликовни уметности на Универзитетот Негери Семаранг, што се одржува од 1. до 30. март, беше избран да учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски.

Куратори на изложбата се Мухамед Раксмен, д-р Ибнан Суариф, во соработка со Катедрата за визуелни уметности на Универзитетот, која ја слави својата 56-годишнина од постоењето. Фестивалот беше организиран врз основа на важноста на образованието за време на пандемијата со корона вирус, а меѓународни уметници беа поканети да одговорат на темата образование за време на КОВИД-19 со цел да се собере позитивна енергија. Двете активности на меѓународната изложба „Дудл“ и индонезискиот уметнички натпревар „Дух на образованието за време на пандемијата“ испраќаат порака за позитивно образование за време на пандемијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …