Лепа Брена ги згрозила своите обожаватели и следбеници со новиот стајлинг во кој се појавила завчера на снимањето на музичко шоу. Во преден план било нејзиното лошо нашминкано лице, полно со неправилности, па корисниците на социјалните мрежи коментирале дека изгледа како „страшило“.
View this post on Instagram
Пристигнувањето на популарната пејачка во студиото РТС изгледало ветувачко. Брена се возела во луксузен автомобил, средена од глава до пети, во долг црн фустан, со средена фризура. Меѓутоа, кога дошла во бекстејџот за да даде изјави, многумина биле шокирани. На светлината можеле да се забележат сите несовршености на нејзиното лице, кои, ако се потрудела малку повеќе, можела добро да ги скрие.
Сликите од тоа снимање почнале да се шират на социјалните мрежи, а многумина била разочарани од нејзиниот изглед. Уште еднаш вниманието го привлекле ушите, кои биле скоро поврзани со лицето поради различни интервенции и ботокс. Сепак, најголемо внимание предизвикало нејзиното лошо нашминкано лице.