ТОПЛА ПРИКАЗНА: Тинејџер благодарение на ТикТок спасил момче оддалечено 1200 километри

13-годишниот Каден Котнуар од Њу Хемпшир на ТикТок во живо гледал видеопренос на Трент Џарет од Западна Вирџинија.. 12-годишното момче се возел со квад и на Каден одеднаш нешто му станало чудно, пренесува WMUR-TV.
„Одеднаш сликата исчезна, се виде блесок на светлина и се слушаше како повикува за помош“, рекол Каден.
Трент започна да го диктира телефонскиот број.
„Во тој момент, можев да се сетам само на телефонскиот број на баба и дедо“, раскажал подоцна Трент.
Каден веднаш го повикал бројот, а дваесетина минути подоцна Трент ил пронајден од неговите родители. Тој паднал од квадот и останал заробен под него. Бил полн со посекотини и модринки.
„Тоа беше велигденско чудо“, рекол очувот на Каден.
Каден го следел Трент на ТикТок затоа што делеле интерес за лов и риболов. Дуото ги делат 1287 километри, па се состанале на Зум во понеделникот за да Трент му се заблагодари на Каден што му го спасил животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …