СВЕТСКИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Имунизацијата мора да се забрза, постоечките вакцини ќе престанат да бидат ефикасни после една година

Бројни светски епидемиолози, вирусолози и специјалисти за инфективни болести тврдат дека светот има период од една година или помалку пред вакцините од првата генерација против вирусот корона да станат недоволно ефикасни или не започнат да се бараат изменети верзии, пишува „The Guardian“.
Научниците веќе подолго време посочуваат дека се потребни глобални напори за поорганизирана и побрза вакцинација со цел на задоволително неутрализирање на заканата во форма на ковид-19. Се појавуваат загрижености за нови мутации на коронавирусот што се појавуваат и се шират, од кои некои се позаразни, попогубни и поотпорни на постојните вакцини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Health Organization (@who)

Неповолната прогноза, која му дава рок на светот помалку од една година, била поддржана од дури две третини од испитаниците во истражувањето спроведено од Алијансата за вакцини на луѓето, во кое биле вклучени 77. научници од 28. земји. Скоро една третина од нив изјавила дека временската рамка е најверојатно девет месеци, можеби и помалку.
Ниската стапка на вакцинација во многу земји ја оставала отворена можноста за појава на мутации отпорни на вакцини, велат 88. проценти од испитаните научници.


„Нови мутации се случуваат секој ден. Понекогаш наоѓаат ниша што ги прави ‘поуспешни’ од нивните претходници. Ваквите варијанти може да се пренесат поефикасно и потенцијално да се избегне имунолошкиот одговор стекнат од претходните соеви“, рекол Грег Гонзалвес, вонреден професор по епидемиологија на Универзитетот Јеил, пренесува „The Guardian“. „Ако не го вакцинираме целиот свет, го оставаме теренот отворен за се’ повеќе мутации, што може да произведе варијанти кои ќе бидат отпорни на сегашните вакцини и ќе бидат потребни зголемени дози“.
Тековните видови на вакцини кои добиле итно одобрување во различни делови на светот се комбинација на стари и нови технологии. Од особен интерес е пристапот на mRNA кон вакцините, користен од Pfizer и Moderna, кој релативно брзо може да се прилагоди на новите варијанти (во рок од неколку недели или месеци), но проблемите со производството и дистрибуцијата се камен на сопнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Health Organization (@who)

Но, она што е клучен проблем е тоа што е малку веројатно овие вакцини да станат достапни за најсиромашните земји, со оглед на тоа што станува збор за поскапи вакцини кои имаат високи побарувања кога станува збор за складирање.
Во меѓувреме, богатите земји како Велика Британија и САД веќе вакцинираат повеќе од една четвртина од своето население со најмалку една доза и обезбедиле стотици милиони залихи. Наспроти ова, земји како Тајланд и Јужна Африка не успеале да вакцинираат ниту еден процент од нивната популација. Исто така, некои земји допрва треба да ги примаат првите вакцини.
Повеќето се потпираат на програмата Ковакс, глобална коалиција за набавка на вакцини за сиромашните земји, чиј план е да доставуваат вакцини на најмалку 27. проценти од населението во земјите со ниски примања во 2021. година.

„Итноста за што побрзо вакцинирање на населението, што ја гледаме во богатите земји, а која има намера да ги вакцинира сите возрасни до летото, едноставно не е одржлива на глобално ниво. Наместо тоа, го имаме Ковакс, кој има за цел 27. проценти до крајот на годината, но дури и ако тоа се случи – ниту тоа не е доволно добро“, рекол Мек Лоусон, претседател на Алијансата за народни вакцини.
„Каде е амбициозната глобална цел, за која науката ни кажува дека е неопходна? Мислам дека тоа е клучната работа, но не гледаме дека таков план засега постои. Ограничената вакцинација е доста опасна“.

Извор: theguardian.com

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како лебот со кисело тесто стана сè популарен?

Лебот претставува главна состојка во исхраната кај децата и возрасните. Во солена или блага варијанта, …