Повторно е ладно: Еве какви температури најавува УХМР за наредните пет дена!

Зимата ја почувствувавме и во април, но додека во регионот е типично зимско време со големи врнежи од дожд и снег кај нас е се’ малку поумерено.
УХМР за денес најавува – претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.Утринските температури ќе е движат од -6 до 1, а дневните од 1 до 14. степени.
За петок се најавува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.Итринските температури ќе се движат од -8 до -2 степени а дневните од 6 до 18.


Во сабота се очекува сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минимална температура: -5°C до 4°C. Максимална температура: 12°C до 19°C.
Во недела не очекуваат подобри временски услови и ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минимална температура: -3°C до 5°C. Максимална температура: 15°C до 21°C.
За почеток на неделата се најавуваат слични временски услови како и во неделата со тоа што ќе дојде до покачување на температурите, но утрата сеуште ќе бидат студени. Минимална температура: 1°C до 5°C.
Максимална температура: 17°C до 23°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Работник добил автомобил од газдата: „Не можев да верувам!“

Расудин Мухиќ, вработен во тузланската месарницата „Брајловиќ“ од својот работодавачот добил автомобил „Голф 5“  како …