Може ли ананасот да ви помогне да загубите килограми?

АНАНАСОТ е вкусно жолто овошје кое има одличен вкус во смути и е омилен додаток во овесна каша за многумина, а покрај тоа е и неверојатно хранлив.
Полн е со есенцијални витамини и минерали.
„Ананасот е тропско овошје кое содржи витамин Ц, витамини од групата Б, растителни влакна и манган. И ананасот исто така содржи бромелаин, ензим за варење кој помага при варење на протеините”, вели диетичарот Илизе Шапиро.
Бромелаинот делува како протеаза, ензим кој ги разградува молекулите на протеините во нивните градежни блокови, како што се аминокиселините и малите пептиди. Откако ќе се распаднат протеините, тие полесно се апсорбираат низ тенкото црево. Исто така, има антиинфламаторно дејство, кое може да помогне во ублажување на болката. Ова е особено корисно за оние кои имаат артритис, објаснува Шапиро. Покрај тоа, „манганот е одличен за здравјето и густината на коските“, додава таа, што може да го намали ризикот од остеопороза подоцна во животот, пишува Men’s Health.


Една чаша ананас содржи околу 78,9 милиграми витамин Ц, како и 2,3 грама влакна, заедно со 2,6 мг манган.
И на крај, ананасот е малку калоричен, полн со растителен влакна и многу вода, така што ќе ве засити многу брзо, што може да ви помогне да избегнете прејадување. Влакната ќе ја стимулираат работата на варењето, а со тоа и согоруваат калории, па ананасот е добар сојузник ако сакате да изгубите тежина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ДА ОСЛАБНЕТЕ И ДА ЈА ЗАДРЖИТЕ САКАНАТА ТЕЖИНА ПО ПРИРОДЕН ПАТ ВО РЕКОРДЕН РОК: СОНОМА диетата го решава проблемот!

Што е Сонома диета ? Тоа е програма за слабеење развиена од регистриран диететичар и …