ЛАЈКА: СТОП ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕТО БОРБИ СО КУЧИЊА

Во рамките на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за борбите со кучиња 8-ми Април, прифатилиштето на ЈП Лајка ја отпочна кампањата за подигнување на свеста за овој вид на суров и крвав “спорт”.

Борбите се кучиња тешка форма на кривично дело и најчесто завршуваат со брутални убиства, злоупотреба и измачување на кучињата.

Кучиња кои се користат за овој суров профитерски спорт најчесто живеат во лоши услови, сопствениците ги прегладнуваат, тепаат, обидувајќи се да ги направат што поагресивни.

Во прифатилиштето на ЈП Лајка досега се спасени неколку кучиња кои биле измачувани и злоупотребувани за борби.

Борбите се забранети според Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ 113/07) и во него се предвидени прекршочни санкции за организаторите и учесниците. Борби со кучиња се кривично дело според Кривичниот закон член 233, тој којшто грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскопски парови кои во креветот имаат експлозија на страст

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …