ИСТРАЖУВАЊЕ – Предиспозициите за ИНФАРКТ зависат од КРВНАТА ГРУПА

Ако јадете намирници што не одговараат на вашата крвна група, веројатно имате повеќе здравствени проблеми, тоа е основата на диетата според крвната група, но сега се покажа како крвната група може да открие некои поважни детали.
Студија објавена од Европското здружение за кардиологија анализирала податоци од повеќе од 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажале дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми во крвните групи А, Б или АБ е девет проценти поголем отколку кај луѓето со крвна група 0.
Се верува дека луѓето со „поризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да предизвика артериска тромбоза, што е една од главните причини за срцев удар и мозочен удар, како и белодробна емболија.

Исто така, луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да имаат поголемо ниво на лош холестерол и галектин -3, што е поврзано со воспалителни процеси во организмот.
Теса Коли, раководител на истражување на Универзитетот во Гронинген во Холандија, посочи дека се уште се потребни дополнителни истражувања за да се потврдат овие резултати.
„Во иднина, крвната група треба да се смета како ризик во спречувањето на кардиоваскуларни болести, како и при разгледување на нивото на холестерол, возраста, полот и систолниот крвен притисок. Но, потребни се повеќе истражувања за да се идентификува причината за зголемениот ризик кај луѓето со крвни групи А, АБ и Б“, објаснила Коле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …