(ВИДЕО) САМО ЗА ОНИЕ СО ЈАКИ НЕРВИ – Гуштер од два метри влегол во продавница во Тајланд: Врескање и паника, а потоа животното почнало да се качува по рафтовите

Рептил сличен на гуштер влегол во продавница во Тајланд, најверојатно во потрага по храна и предизвикал вистинска возбуда.
Застрашувачки гуштер долг скоро два метра влетал во супермаркет во главниот град на Тајланд, Бангкок, и предизвикал вистински хаос кога многу клиенти започнале да трчаат кон вратата, врескајќи и уништувајќи сè пред себе за да се спасат од рептилот.
Сепак, иако изгледа како вистински ѕвер, овој вид гуштер не напаѓал луѓе, а се верува дека завршил во продавницата откако излегол од еден од блиските градски канали.
Животното се качувало на рафтовите и полиците во продавницата, уништувајќи ја стоката, а една девојка собрала доволно храброст да го сними „чудовиштето“ откако се искачило на врвот на полицата, најблиску до светлината и останало таму скоро час.Се претпоставува дека на гуштерот му било ладно.
Патем, експертите за тој вид животни тврдат дека тие се искачуваат на височините само во случај на голем страв, поради што работниците од здружението за заштита на животни веднаш дошле по заскитаниот гуштер.

„Не успеаа да го фатат, тој самиот излезе и избега од продавницата. Зад нас има шума, па веруваме дека тој отишол таму“, рекла една од работничките во продавницата и додала дека никогаш не видела гуштер со толкава големина.
Патем, на Тајланд веќе некое време има суша, па се верува дека животното барало храна. Имено, овој вид рептили живеел во канали и се хранел со риби, змии, жаби и остатоци од храна оставени од луѓе. Поголемиот дел од каналите во последните неколку недели се исушиле.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Еден град, едно пакување, 10 дизајнерски приказни од Шизик на ризик

Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште …