(ВИДЕО+ФОТО) РАСИЗАМ НА ДЕЛО – НЕВИН ЛЕЖЕЛ 44. ГОДИНИ ВО ЗАТВОР: Неговата борба не престанува ниту денес – добил срамно мала оштета!

Американецот Рони Лонг поминал 44. години во затвор за злосторство што не го сторил, а сега ќе се бори против пресудата со која му било доделено обештетување од само 750.000 долари, бидејќи верува дека неговиот живот вреди многу повеќе.
Според Си-Ен-Ен, Афроамериканецот бил обвинет во 1976. година за силување на бела жена. Поротата, во која сите биле белци, го прогласила за виновен за провала и силување, па тој бил осуден на доживотен затвор.
Тој неколку пати се жалел на пресудата, но неговите жалби биле одбиени. Во декември минатата година, гувернерот на Северна Каролина го помилувал, бидејќи судовите утврдиле дека тој е осуден по грешка.

Судијата на апелациониот суд, Стефани Такер, истакнала дека е загрижувачка и впечатлива шемата со која полицијата намерно ги негирала материјалните докази
Според законот, на 65-годишниот Лонг треба да му плаќаат по 50.000 УСД за секоја година што ја поминал во затвор, но тој износ е ограничен на 750.000 УСД. Во неговиот случај, тоа значи дека му била исплатена сума само за 15. години поминати во затвор.
Џејми Ло, неговиот поранешен адвокат, рекол дека Лонг е благодарен за добиените пари, но дека се несоодветни за 44. години одземена слобода. Тој споменал дека и двајцата родители починале додека тој бил во затвор, и дека неговиот син живеел без татко.
Лау смета дека Лонг заслужил многу повеќе отколку што добил како компензација. Лонг се надева дека ќе го добие она што смета дека го заслужува, верувајќи дека бил намерно осуден и притворен.

Тој не сакал да ги именува луѓето кои му помагаат во оваа правна борба и тврди дека во моментов нема законски застапник. Тој посочил дека неговиот проблем мора да се реши, бидејќи верува дека може да му се случи на некој друг.
Лау потсетил дека Лонг не е единствениот на кого ова му се случило. Тој рекол дека уште најмалку двајца мажи биле ослободени по 44. години затвор затоа што биле невини.
Тој повикал на преиспитување на механизмот за обештетување, сметајќи дека гувернерот не треба да има целосна надлежност кој треба да го добие, а кој не. Тој рекол дека сите мора да имаат еднакви можности за да бидат обештетени.
Лонг си купил автомобил од соништата – „Кадилак“. Ова е првиот автомобил што го поседува по 50. години. Тој планира да купи нова куќа заедно со неговата сопруга, пренесува CNN.

Екран.мк/CNN

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …