КОГА ќе видат фотографија од оваа жена, повеќето нема да помислат на часови истражување, живот полн со жртва и напорна работа. Сепак, благодарение на неа, денес уживаме во вкусна храна.
Името на Злата Бартл не значи ништо за многумина, но нејзиниот прекар веројатно ќе биде препознаен – таа е „тетка Вегета“, жена која го измисли омилениот зачин на многу генерации.
Злата Бартл била југословенски научник. Дипломирала хемија, физика, математика и минералогија во Загреб.
Приказната вели дека случајно, во 1955. година, за време на нејзиниот службен престој во Загреб, високиот снег ги блокирал патиштата со месеци и Злата не можела да се врати во родното Сараево. Поминувајќи го времето во Загреб, таа се обидела да најде работа и се пријавила за работа како хемиски техничар во „Подравка“. Наскоро добила позитивен одговор.
Во 1956. година, таа отишла во Копривница, каде започнала истражувачка работа. Таа ја продолжила својата работа во лабораторијата на „Подравка„ и по нејзина иницијатива во 1957. година започнало производство на дехидрирани супи или, многу попознато, „супа во ќесичка“.
И’ ова бил револуционерен производ во оваа област. Злата станала ценета и добила бројни награди. Сепак, нејзиното најголемо откритие следело две години подоцна – во 1959. година, бил создаден универзален зачин – „Вегета“.
Името на еден од најпознатите и најзастапените брендови во Југославија прво било „Вегета 40“. Тоа бил еден од првите производи извезени на светскиот пазар. Така, во 1967. година, Вегета најпрво пристигнала во Унгарија и Русија, а со текот на времето можела да се најде на полиците на продавниците во над 40. земји во светот.
ТВ серијата „Мали тајни на големите мајстори на кујната“, која ја промовираше „Вегета“ на овие простори, беше емитувана во 1974. година и стана многу популарна.
А Злата?
Злата останала во „Подравка“ до пензионирањето. Таа била ценета и сакана од нејзините колеги.
Таа добила многу награди за своите откритија, вклучувајќи го и Орденот Даница со ликот на Никола Тесла, кој и го доделил претседателот на Република Хрватска, Златна куна за животно дело на Стопанската комора како и споменица на „Подравка“ за животни достигнување.
Починала на 30 јули 2008 година во Копривница.
Фото: Принтскрин/Youtube