Борба против пушењето – намалување на штетите е подобро отколку строги регулаторни забрани

Звучи парадоксално, но статистичките податоци покажуваат дека сѐ повеќе луѓе во светот пушат, иако бројот на пушачи се намалуваше во претходните децении. Многумина во Америка ја гледаат причината за ова во „крајно непријателскиот пристап на стручната јавност кон помалку штетните алтернативи на цигарите“.

Томас Браун, писател, професор по историја и што е најважно за оваа тема, поранешен пушач кој по 20 години се ослободил од оваа лоша навика благодарение на алтернативите, во неговиот авторски текст се залага за поголемо прифаќање на концептот на намалување на штети.

Според податоците од истражувањатаспроведени во повеќе сојузни држави во САД, кои посочуваат дека сѐ поголем број возрасни пушачи сакаат да ги истражат можностите што ги пружаат помалку штетните алтернативи,споредено со цигарите, Браун се осврнува на вообичаените видови забрани и контролиза цигари, за кои верува дека навистина се развиле и надградиле, но не дале многу резултати.

Зошто е важно да се разгледаат помалку штетни алтернативи

Во минатото, во Америка се случија две клучни работи кои создадоа скептицизам за помалку штетните алтернативи, што ја направи ситуацијата уште покомплицирана, но исто така доведоа до значителна промена. Прво, целата категорија електронски цигари се најде на „обвинителна клупа“ поради несаканите последици предизвикани од течности продавани на црниот пазар. Позитивен резултат од ова беше многу построгата регулација, но за жал, исто така дојде до создавање и многу дезинформации кои трајно ги оддалечија пушачите од оваа опција. Експертите како Мајкл Минтон, регулаторен советник во тутунската индустрија, го обвинуваат сензационалистичкиот пристап кон информациите за оваа категорија. Пример за стратешки и научен пристап кон темата помалку штетни алтернативи е Обединетото Кралство, чијашто Национална здравствена служба ги охрабрува пушачите да преминат на ‘вејпинг’, дозволувајќи им дури и да купуваат електронски цигари во здравствените установи. Бидејќи традиционалните терапии за откажување од пушење имаат стапка на успех под 10%, експертите во Велика Британија сметаат дека ‘вејпингот’ е нова можност, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека со помош на овие ‘вејп’ уреди пушачите имаат двојно поголема шанса да се ослободат од својата лоша навика отколкукорисниците на обични цигари.

Построгите регулативи во Америка наметнаа алтернативите на цигаритеда мора да бидат тестирани, одобрени и засновани на научни докази. За воопшто да добијат дозвола за настап на пазарот, алтернативите треба да поминат низ одобрување од највисокото регулаторно тело, Американската агенција за храна и лекови (FDA). Дека тоа не е невозможна мисија, потврди и IQOS уредот кој работи на принцип на загревање на тутунот, кој FDA го категоризираше како категоријата производисо модифициран ризик.

Ова значи дека врз основа на доставените документи засновани на наука, потврдено е дека неговата употреба значително ја намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи во однос на цигарите. Благодарение на фактот што не госогорува тутунот, овој уред не испушта чад од тутун, што е главниот причинител за болести поврзани со пушењето и,со тоа, не се создаваат други опасни соединенија како јаглерод моноксид или катран.

Реторика и факти

Кога станува збор за помалку штетни алтернативи на цигарите, многу експерти се обединети во ставот дека пушачите мора да бидат информирани на вистински начин, со проверени факти и аргументи. Секако, најдобрата опција зад која сите стојат е целосно да се откажете од тутун и никотин. Сепак, за оние кои не се откажуваат одоваа штетна навика – пушењето, клучното прашање е дали целосната изложеност е подобра од намалувањето на штетите и зошто? Кон крајот на минатата година, познатата „Мајо“ клиника објави дека силите против пушење треба да бидат пренасочени кон концептот за намалување на штетите, наместо на досегашниот вид забрани. Националната академија на наука и медицина од САД исто така објави дека промената кон докажано подобри алтернативи ја отвора можноста за возрасни пушачи да го намалат развојот на болести поврзани со пушењето. После бројни примери и студии, Браун го заклучува својот блог без двоумење дека „нападот врз ‘вејпингот’ и другите алтернативи значи застанување во одбрана на пушењето“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Три сценарија за иднината кога ќе живееме без маски

Тие станаа составен дел од животот и нешто без кое не можеме да ја напуштиме …