НЕ СТИВНУВААТ ПОЛЕМИКИТЕ ОКОЛУ АСТРАЗЕНЕКА: Британскиот регулатор по пресот на ЕМА ги сменил препораките за оваа вакцина

Британскиот регулатор анализирал 79 случаи на ретки згрутчувања на крвта во Велика Британија откако луѓето ја примиле вакцината АстраЗенека. Починале 19 анализирани лица.
Британската регулаторна агенција за лекови (МХРА) одлучила да ги смени препораките за употреба на вакцината АстраЗенека.
Имено, МХРА препорачала на Британците на возраст од 18. до 29. години да им се понуди друга вакцина наместо АстраЗенека, пренесуваат британските медиуми.
МХРА одлучила да донесе ваква одлука поради доказите што ја поврзуваат АстраЗенека со формирањето на ретки тромбови.
Британскиот регулатор анализирал 79 случаи на ретки згрутчувања на крвта во Велика Британија откако луѓето ја примиле вакцината АстраЗенека. Починале 19 анализирани лица.
МХРА посочува дека сè уште немаат докази дека вакцината предизвикала згрутчување на крвта, но додаваат дека „врската станува се посилна“.


„Ова се несакани ефекти што се исклучително ретки. Треба да направиме повеќе истражувања за да утврдиме со сигурност дали вакцината АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта”, изјавил извршниот директор на МХРА, др. Џун Рејн.
Речиси две третини од пријавените случаи на згрутчување на крвта кои биле пријавени се случиле кај жени. Луѓето кои починале од ефектите на згрутчување на крвта биле на возраст од 18. до 79. години.
Во Обединетото Кралство се користени околу 20. милиони дози на АстраЗенека.
Денес, Европската регулаторна агенција (ЕМА) објави дека воспоставиле врска помеѓу вакцината АстраЗенека и формирањето на ретки видови тромбови. Истакнуваат дека придобивките од АстраЗенека продолжуваат да ги надминуваат ризиците од можните несакани ефекти.
„Заклучивме дека формирањето на абнормални тромбови во комбинација со ниски тромбоцити треба да се наведе како можен редок несакан ефект на вакцината“, рекла извршната директорка на ЕМА, Емер Кук.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Осум најдобри чаеви за детоксикација кои помагаат во чистење на организмот од токсини

ДЕТОКСИФИКАЦИЈАТА на организмот може да се спроведе на различни начини. Тоа е природен процес на …