КОРОНА ВИРУС И ХИГИЕНА: Дали е подобар цврстиот или течниот сапун?

Користете течен сапун за хидратација
Ако сакате да спречите да ви се исушат и испукаат рацете, можеби имате поголема среќа со течната формулација.
„Цврстите сапуни често имаат висока pH вредност, што може да доведе до полесно дехидрирање и сушење на вашата кожа“, вели д-р Барнс.
Сепак, дури и многу такви сапуни денес додаваат масла и други супстанции кои ја навлажнуваат вашата кожа, вели Рајан Смит, хемичар и ентомолог од Бивертон, Орегон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Creamy Suds (@creamysuds)

Користете цврст сапун ако сакате почисти и поприродни состојки
Важно е да ги имате предвид состојките на сапунот бидејќи многу хемикалии можат да поминат низ вашата кожа и да влезат во крвотокот, вели д-р Барнс. Колку повеќе ги миете рацете, толку е поголема можноста за собирање на отровни состојки.
Повеќето цврсти сапуни содржат помалку штетни и поприродни состојки. Состојките што треба да ги барате вклучуваат глицерин и есенцијални масла (масло од лимон, лаванда, роза и кедар). Кокосово масло, бадемово масло, шиа путер или кокосов путер исто така се додаваат во некои сапуни за понатамошно омекнување на кожата.

Пазете се од состојки како триклосан и парабени. Луѓето со алергии, исто така, треба да ги прочитаат декларациите за да пронајдат зборови како „мириси“ или „парфеми“ што би можеле да ги влошат нивните алергии, пишува The Healthy.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Осум најдобри чаеви за детоксикација кои помагаат во чистење на организмот од токсини

ДЕТОКСИФИКАЦИЈАТА на организмот може да се спроведе на различни начини. Тоа е природен процес на …