Градоначалникот Шилегов на средба со менаџментот на германската компанија „Лидл“

Градоначалникот Шилегов денеска одржа состанок со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.

На состанокот присуствуваа и Претседателот на Владата на РС Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, како и претставници на менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ – Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски – директор на централните служби како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.

На средбата се дискутираше за планираните инвестиции на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, каде согласно стратегијата за експанзија се планира отворање на маркети од светскиот бренд во сите градови со одржлива демографска и економска моќ, а најголемиот број од нив ќе бидат концентрирани токму во Скопје.

Прва инвестиција која ќе биде реализирана во државава е изградбата на модерен логистички центар кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Во овој логистички центар ќе се користи со опрема според сите најсовремените стандарди во Европа и ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Еден град, едно пакување, 10 дизајнерски приказни од Шизик на ризик

Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште …