(ВИДЕО) СРАМЕН ЧИН – Судијата од Халанд барал автограм! Коментаторите: „Тоа не се прави!“

МАНЧЕСТЕР СИТИ синоќа ја победи Борусија со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа во 19-та минута со голот на Кевин Де Брујн, а Борусија израмни преку Реус на шест минути пред крајот. Но, гостите не издржаа и Фил Фоден му донесе победа на Сити во 90-та минута.
Борусија беше драстично оштетена во 38-та минута кога нивниот гол на Џуд Белингем беше поништен поради непостоечки фаул над Едерсон. ВАР не одговори бидејќи судијата Овидиу Хатеган ја прекина акцијата пред играчот на Борусија да влезе со топката во голот и да му даде жолт картон на младиот Англичанец.
Иако судиите не се прославија на мечот бидејќи имаа уште неколку контроверзни одлуки, асистентот на Хатеган сепак решил, по натпреварот, да побара автограм од Ерлинг Халанд. Камерите на БТ Спорт го снимиле во тунелот на стадионот додека се приближувал до Норвежанецот и го замолил двапати дасе потпише во малечкото судиско нотесче.

Кликнете ТУКА за да видите како судијата бара автограм од Халанд.

Холанд не го одбил, и на крајот го прегрна Романецот, што не им се допаднало на стручните коментатори на БТ Спорт.
“Тие имаа навистина тежок натпревар и направија многу лоши работи и ова едноставно не изгледа добро. Можете да бидете фан, но не можете да го сторите тоа пред другите играчи”, рекол Овен Харгривс а поранешен играч на Сити, Џолеон Лескот додаде:
„Никогаш не е вистинско време судијата да побара автограм на играч. Судиите во моментот не изгледаат најдобро. Тоа беше детски потег”.
Реваншот се игра следната среда во Дортмунд.

Фото: Принтскрин/Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ДЕБАР МААЛО ДОБИ СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски …