(ВИДЕО) НА ИЗБОРОТ ЗА МИС СЕ ОБИДЕЛА ДА И ЈА ГРАБНЕ КРУНАТА: Убавицата на Шри Ланка се здобила со повреди на главата – бившата победничка незадоволна со изборот!

МИС на Шри Ланка се здобила со повреди на главата кога ривалката се обидела да и ја одземе круната, барајќи дисквалификација на победничката.
Мис Пушпика де Силва победи на натпреварот „Мис на Шри Ланка“, кој гледачите можеле да го гледаат во живо на националната телевизија, во неделата.
Сепак, неколку моменти откако победничката била крунисана, поранешната победничка од 2019. година и ја фрлила круната од главата, велејќи дека не може да ја добие титулата бидејќи е разведена.
Круната на крајот и била вратена на Пушпика де Силва, а организаторите на натпреварот потврдиле дека таа не била разведена.
Де Силва ја освоила титулата Мис за 2021. година во Коломбо, главниот град на Шри Ланка.


Каролина Џури, Мис на 2019. од жирито побарала победничката да биде дисквалификувана, поради локалните предлози кои предвидуваат натпреварувачката да биде во брак, но и да не се разведувала.
„Постои ова правило, затоа преземам чекори за круната да отиде во рацете на второпласиранара натпреварувачка“, и се обрати Џури на публиката.
Таа ја ставила круната на главата на второпласираната натпреварувачка, а Пушпика де Силва со солзи ја напуштила сцената, покажува видеото од инцидентот.

Организаторите и се извиниле на победничката, која вели дека се разделила од сопругот, но дека не била разведена.
Де Силва преку објава на Фејсбук објави дека е примена во болница по инцидентот поради повреда на главата.
Таа оценува дека однесувањето на нејзината ривалка било „неразумно и навредливо“.
„Сè уште не сум разведена“, напиша таа.
„Вистинската кралица не е таа што ја краде круната на друга жена, туку таа што ја поправа круната на друга кога никој не ја гледа“.
Директорот за натпреварување, Чандимал Џајасинг, изјавил дека круната ќе и биде вратена на победничката.
„Разочарани сме“, рекол тој.
Тој додал дека не се согласува „со однесувањето на Каролина Џyри на сцената“, како и дека „организаторите на натпреварот Мис на светот започнале истрага за овој настан“.
Полицијата ги испрашала Џури, која моментално ја носи титулата Мис на светот, како и директорот на натпреварот.
Мис Шри Ланка е едно од најголемите натпреварувања во оваа земја.
На изборот, меѓу публиката била и сопругата на премиерот.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …