БАЈДЕН СЕ ОТКАЖУВА ОД КОВИД ПАСОШОТ? Белата куќа нема да бара граѓаните да носат доказ за вакцинација

Белата куќа денес објави дека нема да подржи никаков систем со кој од Американците би се барало да носат доказ дека се вакцинирани.
Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки изјавила дека нема да има база на податоци за федерални вакцини, ниту ќе биде задолжително сите да набават потврда дека биле вакцинирани.
Таа додала дека Белата куќа сака да го почитува правото на секој Американец на приватност и да ги осигура правата на секој граѓанин, додавајќи дека администрацијата на Бајден наскоро ќе објави изјава за тоа прашање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес ја славиме Великомаченичка Ирина: Ова никако не смеете да го правите!

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Великомаченичката Ирина, сама легнала во гроб, а …