АНТИЕЈЏ ХРАНА – Убаво лице имаат жените кои јадат колаген: Сок, риба и шака семки се поделотворни од скапи кремови!

4. Маслиново масло


Терпените, стеролите и токоферолите кои се наоѓаат во маслиновото масло имаат имуностимулативно и антисклеротично дејство. Во „соработка“ со холин и филокинон, тие го подобруваат метаболизмот и ги обновуваат клетките. Маслиновото масло го подмладува организмот, ја обновува кожата и ефикасно ги пегла брчките, а го користеле античките Римјани.
5. Семки од тиква


Цинкот, кој се наоѓа во семките од тиква, спречува формирање на брчки, има антиинфламаторно дејство и го штити организмот од штетните ефекти на УВ зрачењето. Масните киселини ја подобруваат еластичноста на кожата и го забрзуваат заздравувањето на раните, а триптофанот го нормализира спиењето, што е многу важно за младоста и долговечноста. Покрај тоа, семките од тиква се природен лек за заболување на простатата и средство за зајакнување на машката плодност.
Плус:
Зелен чај


Зелениот чај го содржи најмоќниот познат антиоксиданс епигалокатехин-3-галат, кој ги уништува малигните клетки, го нормализира метаболичкиот процес и ги елиминира слободните радикали. EGCG ги штити здравите клетки од оштетување и има антивирусни и кардиопротективни својства. Ја подобрува синтезата на колаген и го забавува процесот на стареење.

Црно чоколадо


Какаото содржи посебен вид на флавоноид – флавонол. Тие буквално ги подмладуваат старите клетки во телото. Флавонолите имаат и антиинфламаторно дејство и ги елиминираат слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Осум најдобри чаеви за детоксикација кои помагаат во чистење на организмот од токсини

ДЕТОКСИФИКАЦИЈАТА на организмот може да се спроведе на различни начини. Тоа е природен процес на …