АНТИЕЈЏ ХРАНА – Убаво лице имаат жените кои јадат колаген: Сок, риба и шака семки се поделотворни од скапи кремови!

„Со лажица си копаш гроб“ – се вели во случај ако некој претерува со храната. Но, не дека секој залак неизбежно ја приближува староста или болеста. Напротив, постојат намирници кои го запираат времето и го подмладуваат организмот.
1. Цвекло


Научниците тврдат дека сокот од цвекло е вистински еликсир на младоста. Пензионерите кои редовно го консумирале овој пијалок за време на експериментот покажале неверојатни резултати: мозокот на секој од нив за само 6. недели започнал да функционира како мозок на еден млад човек.
Бета-каротенот во цвеклото го зајакнува имунитетот и го подмладува организмот, бетацијанинот спречува мутации на клетките, рутинот има антисклеротичен ефект, холинот ја стимулира регенерацијата на клетките и ја подобрува меморијата.
2. Црно грозје



Црното грозје и црвеното вино го содржат антиоксидансот ресвератрол, кој ги штити клетките од стареење, спречува оксидативен стрес и го продолжува животот на човекот. Има антиканцерогени и кардиопротективни ефекти. Покрај тоа, тој го активира „протеинот за долговечност“ SIRT1.
3. Мрсна риба


Лосос, скуша, харинга и сардини се исклучително богати со омега-3 незаситени масни киселини и диметиламиноетанол (DMAE), кои го забавуваат процесот на стареење во телото и имаат корисен ефект врз состојбата на кожата, косата и ноктите. DMAE ја стимулира работата на мозокот, ја подобрува меморијата и расположението, го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Бугарија рекорден број заразени и починати од корона

БУГАРИЈА, која има најнизок процент на вакцинирана популација во ЕУ, објави рекорден дневен број на …