Visa истражувањето покажа голем потенцијал за раст на употребата на дигитални паричници: Над третина од потрошувачите во Македонија користат паметни телефони при плаќање

  • Главните причини за користење на мобилно плаќањесе погодноста, без ризик од губење на паричникот и брзината
  • Една четвртина од испитаниците започнале да користат мобилно плаќање за време на Covid19

·       Личното искуство со опциите за плаќање е клучен двигател за усвојување нови методи 

Над една третина од потрошувачите во Македонија користат паметни телефони за плаќање и извршување на трансакции, додека 61 процент од сите испитаници се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина. Регионалното истражување[1] спроведено од Visa покажува зголемена свест кај граѓаните од Македонија за потребата од примена на современи технологии, откривајќи и значителен простор за подобрување на прифаќањето на иновативни опции за бесконтактни плаќања од страна на трговците.

Една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време на пандемијата. Исто така, 84 проценти од анкетираните наведоа дека нивното лично искуство со различни начини на плаќање е клучен двигател за нивниот избор на начин на плаќање. Повеќето од учесниците во истражувањето ја наведуваат практичноста (56 проценти), без ризик за губење на паричникот (47 проценти) и брзината (41 процент), како најголеми придобивки од плаќањата преку мобилен телефон.

Половина од испитаниците веруваат дека користењето на паметен телефон како начин на плаќање е безбедно. Сепак, скоро третина од потрошувачите изјавиледека недостатокот на прифаќање на технологијата е неповолна положба, што укажува на ограничен број места каде што се можни такви плаќања.

На прашањето да ги наведат сите добра и услуги за кои испитаниците се подготвени да платат со своите паметни телефони, месечните сметки се на врвот на списокот (67 проценти), а потоа следуваат услугите за паркирање (61 процент). На трето место се плаќањата во продавници, кафулиња и ресторани (52 проценти), билети за театар, кино и јавен превоз веднаш зад нив (50 проценти). Следни на ред се нарачката на храна (49 проценти), како и туристичките аранжмани за патувања и мебелот (43 проценти). Една третина од испитаниците во истражувањето би користеле мобилно плаќање при купувањена автомобил.

„Ние веруваме дека мобилните плаќања наскоро ќе станат дел од секојдневната рутина на сите во ЈИЕ регион, бидејќи тие нудат погодност, брзина и безбедност заради иновативните методи за проверка преку отпечатоци од прст и лична идентификација. За прифаќање на новите технолошки решенија е потребно време, но мобилните плаќања треба да се гледаат како новаформа што ќе овозможува технолошкиот развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени. Со оглед на запознаеноста и употребата на безконтактна технологија во сите земји од регионот, сметаме дека прифаќањето на мобилни плаќања може да дојде со уште поголема брзина“,изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален менаџер на Visa за Југоисточна Европа.

Кога станува збор за регионот, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина бележат добри резултати, со што околу една четвртина од корисниците преферираат да плаќат со своите паметни телефони. Во Албанија, само 10 проценти ја користат оваа опција за плаќање.

И покрај различните навики, истражувањата покажуваат дека клиентите од регионот покажуваат подготвеност да прифатат современи технологии, како и да ги тестираат новите карактеристики што ги нудат паметните телефони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ВО ПОДГОТОВКИ: Хотел што плута кој ќе произведува сопствена електрична енергија

Во последните години се појавуваат пловечки хотели низ целиот свет, со дестинации како Дубаи и …