Научете да се опуштите – прв чекор е да ги ЗАТВОРИТЕ ОЧИТЕ

Не можеме да ги избегнеме сите извори на стрес, но можеме да научиме како да се опуштиме.
Без оглед на тоа колку сте сигурни дека можете да се справите со проблемите и грижите и дека секогаш ве води здравиот разум, докажано е дека стресот зема данок. Затоа е важно човекот да знае да се релаксира, бидејќи понекогаш може да поминат и неколку дена а телото да биде постојано напнато, без вие дури тоа да го забележите.
Еве четири едноставни техники за релаксација:

Дишење
Ова е едноставна и моќна техника за релаксација. Треба да вдишете длабоко и полека. Додека дишете, полека „се одвојувате од умот“ што ги одвлекува мислите и сензациите. Фокусирањето на дишењето може да биде особено корисно за луѓето кои сакаат да се воздржат од одредена храна што го „лечи“ стресот.
Сепак, оваа техника можеби не е соодветна за оние кои имаат здравствени проблеми што го отежнуваат дишењето, како што се респираторни или срцеви заболувања.

Медитација
Седнете удобно и фокусирајте се на дишењето и насочувањето на вниманието на умот кон сегашниот момент без да се враќате во минатото или иднината. Оваа форма на медитација ужива зголемена популарност во последниве години. Истражувањата сугерираат дека може да биде корисно за луѓе со анксиозност и депресија.

Слушајте го телото
Оваа техника комбинира фокус на дишење со прогресивно опуштање на мускулите. По неколку минути длабоко дишење, фокусирајте се на еден дел од телото или група на мускули и ослободете каква било физичка напнатост со мислите. Ваквото „скенирање“ на телото може да ја зголеми свеста за поврзаноста помеѓу умот и организмот.

Ментални слики
За оваа техника, навестете смирувачки сцени, места или искуства во вашиот ум кои ви помагаат да се опуштите и да се фокусирате. Можете да најдете бесплатни апликации и снимки од смирувачки сцени на Интернет, само изберете слики кои ве смируваат и имаат лично значење. Менталните слики можат да ви помогнат да ја зајакнете позитивната визија за себе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …