Денес снег ги побели Хрватска и Србија: Што најавува УХМР за времето кај нас?

Се чини дека и покрај најавите за ладно време со дожд и снег кај нас, на југот, е скоро како вистинска пролет…
За утре (среда) УХМР најавува претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.
Температурите ќе се движат од 1 до 3 степени на северот на земјата и од 8. до 14. на југот.
За четврток се најавува сончево со мала до умерена локална облачност, само во раните утрински часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минимална температура: -3°C до 3°C. Максимална температура: 6°C до 15°C.
Во петок се очекува претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.Минимална температура: -6°C до 2°C.
Максимална температура: 9°C до 18°C.
Во сабота пролетта полека се враќа – времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минимална температура: -5°C до 4°C. Максимална температура: 12°C до 19°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Животоприемен извор: Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради …