Не е тајна дека влакната се клучна компонента на здравата исхрана – а научниците откриле и друга причина да се наполни чинија со храна богата со растителни влакна. Неодамнешна студија објавена во Американското здружение за микробиологија покажала дека зголемениот внес на влакна за краток временски период може да има големо влијание врз дигестивниот систем.
На постдипломските студенти на Универзитетот во Калифорнија им било наложено да јадат десет необработени оброци богати со влакна – во просек вкупно 25. грама влакна на ден – две последователни недели. Биле собрани примероците на столицата за да се следи нивниот микробен состав во цревата.
На крајот од експериментот, професорите откриле дека цревната флора на студентите е „значително променета“ со зголемување на групата корисни бактерии Bifidobacterium.
Се препорачува жените да консумираат околу 25. грама влакна на ден, а мажите околу 38. грама. Бидејќи диеталните влакна се наоѓаат во растителната храна, треба да избегнувате преработена храна и да јадете што повеќе овошје и зеленчук – малини и круши, како и грашок и брокула.
Ако не јадете доволно храна со влакна, може да го доживеете следново.
Дебелеење
Кога внесот на влакна се зголемува, килограмите паѓаат. Една студија објавена во „Journal of Nutrition“ ги испитувала ефектите на влакната врз губењето на несаканите килограми кај учесниците кои шест месеци следеле план за диета ограничена со калории. Влакната помогнале да изгубат на тежина, од едноставна причина што ве одржува сити подолго и ја намалува желбата за јаглехидрати.
Зголемен ризик од депресија
Здравјето на вашите црева може да биде поврзано со вашата емоционална состојба. Научниците од Северноамериканското друштво за менопауза (NAMS) ги испитале сите можни врски помеѓу диеталните влакна и жените од различни возрасни групи и животни фази. Студијата, во која учествувале повеќе од 5.800 жени и е објавена во списанието „Menopause“, покажала дека ризикот од депресија кај жените во менопауза може да биде под влијание на внесот на влакна.
Иако се потребни дополнителни истражувања, научниците веруваат дека влакната влијаат на разновидниот микробиом на цревата, што пак може да произведе невротрансмитери.